• сабота, 28 декември 2024

ТДП: Наша приоритетна цел е претстојниот попис на населението да успее

ТДП: Наша приоритетна цел е претстојниот попис на населението да успее
Скопје, 4 септември 2021 Демоктратската Партија на Турците (ТДП), како одговорна партија со над 30 годишно искуство на политичката сцена на државата, сериозно се залага и е максимално посветена Пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.С.М во 2021 година, квалитетно да се подготви и спроведе. Наша приоритетна цел како партија и како политички репрезент на Турскиот народ во Р.С.М, која патем да потсетиме е трета по бројност на народ во државата, престојниот пописот на населението навистина да успее. Само и единствено на овој начин, како демоктратско и европско ориентирано општество ќе можеме да го надминеме хендикепот на немање на попис во еден голем временски период, како клучен предуслов за планирање на нашата иднина , за доброто и благосостојбата на сите граѓани на државата. Никакви задршки или дилеми во оваа насока не смее да има. Р.С.М, заслужува конечно да добие кредибилен и општоприфатен Попис со реални пописни резултати. Одговорноста е голема пред сите нас и како институции и како поединци, исто така законската одговорност и обврска на Државниот завод за статистика за законитоста во подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот е голема и повеќе од серизона. Оттука сите ние треба максимално посветено да работиме на обезбедување доследна примена на правната рамка која се однесува на пописот на населението од страна на сите субјекти без исклучок. Во овој контекст особено значајна обврска има Државниот завод за статистика кој со усвоените законски решенија доби широк спектар на надлежности и одговорности, почнувајќи од самата подготовка и спроведувањето на пописот, вклучително и по прашањето на обезбедување на надзор над работата на лицата - учесници во Пописот. Како партија и како политички репрезент на Турците, сите евентуални обиди или поведенија кои даваат некакви индикации или основа со кои би можело да се поткопа законитоста и наруши кредибилитетот на најсложената статистичка операција , ќе наидат на наша најостра осуда и на истите сериозно ќе се спротиставиме со сите расположиви демократски сили и активности. Во предвечерието на започнуање на најмасовната пописна операција, сакаме да го потсетиме Државниот завод за статистика и пред се комисите за пописните реони и државни инструктори, на законската обврска при предлагањето и изборот на попишувачи и реонски инструктори задолжително да го почитуваат принципот на „Соодветна и Правична Застапеност„ на припадниците на заедниците во сите 50 пописни реони во државата. Актуелната етничката структура во сите 50 пописни реони, задолжително треба да биде отсликана и при селекцијата и конечниот избор на реноските инструктори и попишувачи, како еден од предусловите за кредибилни и реални пописни резултати. При изборот на реонските инструктори и попишувачи задолжително да се води сметка за обврската утврдена со член 34 од Законот за попис, со кој се третира прашањето на употребата на јазикот во пописот. За потсетување нивно, но и на сите граѓани согласно споменатиот закон попишувањето се врши на јазикот и писмото што го избира лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците. Впрочем за таа цел апликацијата на која се врши попишувањето е изготвена на седум јазици, односно на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Никој правото на избор на јазикот на попишување на ниеден граѓанин опфатен со пописот , под никакви услови, околности или образложенија не може да му го оспори или оневозможи. Говориме јасно и недвoсмислено. Говориме за нешто што со Законот за попис и со Уставот на Р.С.М е загарантирано и утврдено. Затоа сакам уште еднаш да потврдам дека нашата заложба е да успееме да го реализираме овој попис на населението, да ги запазиме сите критериуми и законски одредби за да на крај имаме кредибилни и општо прифатени резултати. Др. Бејџан Илјас, председател на ТДП __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Тагови

Остани поврзан