• сабота, 16 ноември 2024

ТВ Н1: По Сараево, во Белград доаѓа директорот на ЦИА

ТВ Н1: По Сараево, во Белград доаѓа директорот на ЦИА

Белград, 20 август 2024 (МИА) - Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс по посетата на Сараево ќе пристигне во Белград, а во главниот град на Србија ќе се сретне со локални претставници, објави вечерва телевизијата Н1 без да прецизира други детали.

Барнс денеска пристигна во Сараево, каде имаше средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), како и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Претставник на американската влада потврди за Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“, рече неименуван претставник на американската влада. зш/

Остани поврзан