• недела, 28 јули 2024

ТВ Канал 12: Зголемена безбедноста на израелските амбасади низ светот

ТВ Канал 12: Зголемена безбедноста на израелските амбасади низ светот

Тел Авив, 9 февруари 2024 (МИА) - Безбедноста во израелските амбасади ширум светот е значително зголемена откако разузнавачките служби открија планови за терористички напади врз нивните згради, објави денеска израелската телевизија Канал 12. 

Меѓу амбасадите под ризик се и оние во Холандија, Индија и Шведска, пренесе „Тајмс од Израел“. 

Шведската полиција на 31 јануари соопшти дека уништила експлозивна направа откриена пред израелската Амбасада во Стокхолм. 

Израелскиот амбасадор овој инцидент го оцени како обид за терористички напад. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан