• сабота, 23 ноември 2024

ТВ-режисер им се извини на принцот Хари и Меган

ТВ-режисер им се извини на принцот Хари и Меган

Лондон, 17 јануари 2023 (МИА) - Британскиот телевизиски водител Џереми Кларксон денеска изјави дека испратил извинување по електронска пошта до принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл за напис што го објавил во списанието „Сан“, во којшто вели оти „се надева дека војвотката од Сасекс еден ден ќе биде принудена да парадира гола“ по улица.

Кларксон, инаку водител на емисијата за автомобилизам „Топ гир“ (Top Gear), во декемвриското издание на таблоидот објави дека ја мрази Меган.

Написот беше осуден како недоличен од политичарите, јавноста, па дури и од ќерката на водителот.  си/

Остани поврзан