• среда, 25 декември 2024

Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин

Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин
Вашингтон, 3 јануари 2022 (МИА) - Твитер вчера трајно го суспендира личниот налог на републиканката во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мерџори Тајлор Грин поради повеќекратно кршење на правилата на социјалната мрежа за ширење дезинформации за Ковид-19. Суспензијата е дел од системот на Твитер воведен во март минатата година, кој користи вештачка интелигенција да идентификува дезинформации за Ковид-19. За два или три прекршоци се воведува суспензија на налогот од 12 часа,. За четири – една недела, а пет или повеќе прекршоци можат да доведат до трајно гаснење на налогот на Твитер. Грин на Телеграм ја критикуваше одлуката на Твитер како неамериканска. Таа тврди дека и е суспендиран налогот откако твитала статистика од Системот за пријавување на несакани ефекти од вакцината против Ковид-19, владина база на податоци, во кои има и непотврдени информации. Твитер е непријател на Америка и не може да се носи со вистината. Тоа е во ред, ќе и покажам на Америка дека не ни требаат и време е да ги поразиме нашите непријатели, истакна Грин. ми/

Остани поврзан