• петок, 27 декември 2024

Твиниг проектот за јакнење на капацитетите за координација во спречување насилен екстремизам и борбата против тероризам

Твиниг проектот за јакнење на капацитетите за координација во спречување насилен екстремизам и борбата против тероризам
Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) - Зајакнување на ефикасноста на националните органи за гранична контрола, управување со миграциските текови, борба против тероризмот и организираниот криминал, е целта на твиниг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“ кој денеска беше претставен од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБТ) и Министерството за внатрешни работи, во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Карабиниери во соработка со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија. Борче Петревски, координаторот на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот рече дека проектот е од исклучителна важност бидејќи доаѓа во време кога се соочуваме со нови безбедносни предизвици и е потребно надградување на сите капацитети, не само на безбедносните туку и на останатите општествени чинители во спречувањето на овие не само безбедносни, туку и социолошки феномени. - Планирани се многу активности во рамки на проектот што се надевам во планираниот период од 21 месец ќе бидат успешно реализирани и особено ми е драго што нашите пријатели од Италија ќе го споделат нивното искуство во борбата против тероризмот и спречувањето на насилен екстремизам и сите оние процеси на радикализација, што можат да водат до тероризам, рече Петревски. Изрази благодарност до партнерите од Италија, како и надеж за успешност на проектот што ќе влијае на идни проекти што ќе бидат имплементирани во нашата држава не само во делот на спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, туку и пошироко, како што рече, во целата општествена заедница. Генерал мајор Пасквале Анџелосанто, командант на Единицата за специјални операции Карабињери, рече дека проектот ја поттикнува соработката и развојот на серија активности за спречување и борба против организираниот криминал, насилниот екстремизам и тероризам. - Корупсот на Рос карабињери е задоволен што имаме можност да дадеме наш придонес и да го споделиме нашето знаење особено во делот на нашето искуство во борба против тероризмот и екстремизмот во изминатите децении што го остваривме во многу ситуации и контексти. Тоа особено се однесува на споделувањето на еден специфичен метод на работа што ние низ годините сме го рафинирале, сме го развиле, а кој е познат на меѓународно ниво на борба и спречување организиран криминал, на мафија, но исто така во последните години и на религиозен и верски тероризам, подвлече мајор Анџелосанто. Истакна дека нивните активности за спречување организиран криминал и тероризам, донеле огромни резултати особено на оперативен план. - Ние во рамки на овој проект би сакале да ги споделиме тие резултати на оперативниот план и со македонската полиција и со МВР на Северна Македонија особено во една почетна првична фаза на развивање со Министерството, оперативни акции на анализа, аналитички активности кои ќе можат понатаму да имплементираат исто така подетална здружена работа, затоа што сме убедени дека денешниот меѓународен трансграничен криминал и тероризам не може повеќе да се спречува седејќи дома, туку потребни се здружени продлабочени, аналитички активности како на полициските сили, така и на судските власти, посочи мајор Анџелосанто. Проектот е со вкупен буџет од милион евра. Ќе биде имплементиран од Карабињери, национална полициска сила во Италија со воен статус, во партнерство со агенцијата „Студиаре свилупо“ (Studiare Sviluppo). Поконкретно е насочен кон зајакнување на техничките и административните капацитети на главните корисници за откривање, истрага и спречување тероризам. Има две компоненти. Првата главно е насочена кон Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и Агенцијата за национална безбедност, но го опфаќа и целото општество и координирање на сите агенции кои работат на полето на спречување и сузбивање на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон екстремизам. Втората компонента има цел зајакнување на оперативните капацитети на Бирото за јавна безбедност за подобро спречување, заштита, следење и одговор на предизвиците поврзани со спречување на насилниот екстремизам и борбатѕа притив тероризмот, согласно со постоечките национални стратегии. Проектот ќе обезбеди стручна експертиза, пренос на знаење и јакнење капацитети пеку обуки, работилници, семинари, студиски посети, развивање стандардни оперативни процедури и препораки. нд/лв/      

Остани поврзан