• среда, 13 ноември 2024

Тања Фајон во Етиопија разговараше со претставници на Африканската унија за соработката со ЕУ

Тања Фајон во Етиопија разговараше со претставници на Африканската унија за соработката со ЕУ

Адис Абеба, 2 ноември 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, денеска во седиштето на Африканската унија во Адис Абеба, Етиопија, се сретна со заменик-претседателот на Комисијата на Африканската унија, Моник Нсанзабаганва, при што ја истакна важноста од соработката меѓу Африканската унија и ЕУ.

Според соопштението на словенечкото МНР, Фајон и Нсанзабаганва разговарале за соработка во мировните напори, безбедноста, климатските промени и почитувањето на човековите права.

Таа ја посети и Фондацијата Дон Боско за помош на децата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан