• петок, 27 декември 2024

Тајфунот Молаве усмрти најмалку две лица во Виетнам

Тајфунот Молаве усмрти најмалку две лица во Виетнам
Ханој, 28 октомври 2020 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 26 рибари се водат како исчезнати откако тајфунот Молаве го погоди јужниот дел на Виетнам. Тајфунот Молаве се смета за еден од најсилните во изминатите 20 години, со брзина на ветерот од 150 километри на час. Поради тајфунот евакуирани се околу 40.000 луѓе одкрајбрежните села, а властите во провинцијата Куанг Нгаи ги затворија канцелариите, фабриките и училиштата. Затворени се и пет аеродроми, а откажани се повеќе од 200 летови, а исто така во прекин е железничкиот сообраќај. ми/

Остани поврзан