• недела, 01 септември 2024

Тајсон постави нов рекорд во Лигата на Европа

Тајсон постави нов рекорд во Лигата на Европа
Гелзенкирхен, 12 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон постави нов рекорд во Лигата на Европа. Триесет и двегодишниот Бразилец постигна гол синоќа во четвртфиналето против Базел (4:1) и седмата сезона од второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување се запиша во листата на стрелците. Претходно, тројца играчи успеаја да постигнат гол во шест сезони - Александар Лаказет, Џермејн Ленс и Ари. Тајсон игра за Шахтјор од 2013 година. Во тековната сезона досега тој одигра пет натпревари во Лигата на Европа, на кои постигна еден гол. зс/

Остани поврзан