• среда, 25 декември 2024

Тајсон на суд: Боксерот зел 25 милиони долари, па одбил борба со Холифилд

Тајсон на суд: Боксерот зел 25 милиони долари, па одбил борба со Холифилд
Лондон, 30 јуни 2021 (МИА) – Промоторската компанија „Трилер“ го тужи поранешниот неприкосновен шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон, објави „IBT“. Во соопштението се вели дека Тајсон доби 25 милиони долари за ревијален меч против Ивандер Холифилд, кој пропадна во април поради одбивањето на борбата од страна на „Железниот Мајк“. Рајан Кавано, извршен директор на компанијата, рече дека ќе го тужи боксерот, така што Тајсон повеќе не може да учествува во демонстративни борби без „Трилер“. Педесет и петгодишниот боксер се повлече од професионалната кариера во 2005 година. Во ноември 2020 година, Тајсон одржа егзибициски дуел со Рој Џонс јуниор, кој заврши нерешено. зс/

Остани поврзан