• петок, 20 март 2026

Тајник опериран, Еурофарм Пелистер ослабен за следните натпревари

Тајник опериран, Еурофарм Пелистер ослабен за следните натпревари

Битола, 9.март 2026 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер на следните натпревари ќе настапи ослабен откако средниот бек Домен Тајник денеска беше опериран. Во Битола му беше направен операција на слепо црево. За словенечкиот репрезентативец сега ќе следи пауза и рехабилитација.

Отсуството на Тајник ќе биде сериозен проблем за тренерот Стевче Алушовски на дуелот со Барселона во среда, а секако и за дуелот од плеј офот против Вардар.

Колку натпревари ќе пропушти Тајник не е познато, но неговото неиграње ќе биде голем хендикеп за македонскиот првак. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан