• среда, 25 март 2026

Тајланд побара извинување од Иран за погодениот брод во Ормускиот теснец

Тајланд побара извинување од Иран за погодениот брод во Ормускиот теснец

Бангкок, 12 март 2026 (МИА) – Тајланд побара извинување од Иран откако тајландски брод беше погоден од ракета во Ормускиот теснец, предизвикувајќи пожар и принудувајќи го екипажот да го напушти бродот, објавува Ал Џазера.

Министерството за надворешни работи на Тајланд објави дека го повикало иранскиот амбасадор за да побара разјаснување за нападот и околностите во кои бил оштетен бродот.

Револуционерната гарда на Иран подоцна потврди дека бродот бил цел на нападот. 

Во последните денови, иранските власти изјавија дека бродовите што сакаат да поминат низ Ормускиот теснец мора да побараат дозвола од Иран.сд/ми/

фото: Компанјата сопственик Precious Shipping Plc

Остани поврзан