• сабота, 23 ноември 2024

Тајланд испрати хуманитарна помош во Мјанмар

Тајланд испрати хуманитарна помош во Мјанмар

Бангкок, 25 март 2024 (МИА) – Тајланд денеска испрати десет камиони хуманитарна помош во Мјанмар. Помошта се состои од 4.000 пакети храна и пијалаци наменети за околу 20.000 луѓе во три града во сојузната држава Кајин.

Иницијативата за помошта ја спроведува Црвениот крст на Тајланд, која е финансирана од Министерството за надворешни работи и со логистичка поддршка од армијата.

Критичарите истакнаа дека помош ќе добијат само луѓето кои живеат во области кои се под контрола на армијата, додека голем број од раселените нема да имаат пристап до помошта.

Според агенциите на ОН, повеќе од 2,8 милиони луѓе во Мјанмар се раселени поради конфликтот, а околу 18,6 милиони луѓе, вклучително и шест милиони деца, имаат потреба од хуманитарна помош.

Големи делови од територијата на Мјанмар, особено пограничните области, се делумно или целосно под контрола на продемократските бунтовници или етнички вооружени групи кои се борат за поголема автономија од централната влада. Конфликтот во Мјанмар започна во февруари 2021 година, откако војската ја презеде власта со државен удар, со кој беше соборена демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи, што предизвика масовни протести низ целата земја, кои беа брутално потиснати од воената хунта. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан