• четврток, 26 декември 2024

Тајланд воспоставува летови за странски туристи, првиот авион од Кина

Тајланд воспоставува летови за странски туристи, првиот авион од Кина
Бангкок, 29 септември 2020 (МИА) – Тајланд следната недела ќе ги прими првите странски туристи со лет од Кина, со што ќе се одбележи повторно придвижување на виталниот туристички сектор погоден од ограничувања за патувања поради епидемијата на коронавирусот. Во првиот лет ќе има околу 120 туристи од Гуангжу, кои патуваат директно до туристичкиот остров Пукет, изјави гувернерот на туристичката управа на Тајланд, Јуташак Супасорн. Тајланд ја задржа епидемијата на ниско ниво, со само 3.559 заразени и 59 смртни случаи, но економијата е сериозно погодена од забраната за посета на странци од април и се очекува економскиот пад оваа година да биде 8,5 проценти. Портпаролката на владата Трајсули Траизоранакул рече дека се очекуваат околу 1.200 туристи во првиот месец и околу 14.400 туристи во текот на следната година. Туристите на кои ќе им биде дозволен влез се од земји кои, според проценките на тајландската Влада, имаат мал ризик од зараза. јт/

Остани поврзан