• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајландски министер за надворешни работи: На Мјанмар и натаму му е потребна итна помош по земјотресот

Тајландски министер за надворешни работи: На Мјанмар и натаму му е потребна итна помош по земјотресот

Бангкок, 9 април 2025 (МИА) - На Мјанмар и натаму му е потребна итна медицинска помош и помош во шатори по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата на 28 март, изјави тајландскиот министер за надворешни работи Марис Сангијампонгс.

Тој ја истакна важноста од координиран регионален ангажман за давање помош и долгорочна поддршка за Мјанмар.

Воената хунта на Мјанмар соопшти дека во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер загинале 3.645 луѓе, 5.017 се повредени, а 148 лица се водат како исчезнати. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан