• среда, 25 декември 2024

Тајландската премиерка се извини за масакрот во 2004 година, при кој загинаа 85 муслимани

Тајландската премиерка се извини за масакрот во 2004 година, при кој загинаа 85 муслимани

Бангкок, 24 октомври 2024 (МИА) - Тајландската премиерка Паентагорн Шинаватра се извини за смртта на десетици муслимански демонстранти, кои беа насилно вметнати во воени камиони за време на репресиите во 2004 година. Денеска истече судскиот рок за извршените репресии, кој досега не доведе до осуда на ниту еден официјален претставник.

Во 2004 година, протест на муслимани во градот Так Бај во јужниот дел на Тајланд заврши со судир со силите за безбедност, во кој загинаа 85 лица. Овој настан е еден од најзначајните во сепаратистичкиот конфликт што започна истата година и кој досега одзеде над 7.600 животи.

- Длабоко сум потресена од она што се случи и се извинувам во име на владата, изјави Шинаватра, ветувајќи дека ќе направи сè за да спречи повторување на вакви инциденти.

Инцидентот го привлече вниманието на меѓународната заедница, откако 78 луѓе беа згмечени или умреа од задушување, откако беа врзани и натискани во воени камиони. Седуммина беа убиени на самото место.

Овие репресии, познати како масакрот во Так Бај, беа спроведени под водство на Таксин Шинаватра, таткото на сегашната премиерка и клучен член на владејачката партија „За Тајландците“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан