• недела, 24 ноември 2024

Тајванската опозиција без договор за заеднички претседателски кандидат

Тајванската опозиција без договор за заеднички претседателски кандидат

Тајпеј, 18 ноември 2023 (МИА) - Двете главни опозициски партии во Тајван, Националистичката партија и Тајванската народна партија, не успеаја да се договорат за заеднички кандидат за претседателските избори, што се закажани за јануари.

Очекувањата беа дека двете партии денеска на прес конференција ќе го претстават заедничкиот кандидат, но место промоција оттаму само пристигна соопштение дека меѓупартиските консултации продолжуваат, пред се, поради несогласувањата околу тоа како да се користат податоците од анкетите.

Одлуката за претседателската номинација меѓу националистот Хоу Јуих и Ко Вење од Народната партија требаше да се темели на комбинација од јавни и внатрепартиски анкети.

Националистите и Народната партија соопштија дека се надеваат дека разговорите ќе продолжат, но не е јасно дали до следниот петок ќе можат да ги решат нивните разлики, кога е крајниот рок за поднесување на кандидатурите.

Неуспешните преговори во опозицијата за фаворит на изборите го исфрла потпретседателот на Тајван, Вилијам Лаи, од владејачката Демократска напредна партија.

Тој се надева дека ќе ја наследи претседателката Цаи Инг-вен, која мора да се повлече по осум години на функцијата поради уставното ограничување за два претседателски мандата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан