• недела, 24 ноември 2024

Тајани: Ситуацијата со мигрантите не е експлозивна, таа веќе експлодира

Тајани: Ситуацијата со мигрантите не е експлозивна, таа веќе експлодира

Рим, 18 септември 2023 (МИА) - Италијанскиот потпретседател и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека ситуацијата со приливот на голем број мигранти од Африка „не е експлозивна, туку веќе експлодирала“.

-Погледнете ја историјата на варварските инвазии - римската војска, најмоќната во воената историја, не можеше да ги спречи, изјави Тајани за новинарите во италијанскиот конзулат во Њујорк.

Шефот на италијанската дипломатија рече дека не постојат ѕидови кои можат да го запрат движењето на милиони и милиони луѓе.

Над 127 илјади мигранти влегле во Италија досега оваа година, приближно двојно повеќе отколку во истиот период во 2022 година, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Многумина од нив влегуваат преку Лампедуза, најјужниот остров во Италија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан