• среда, 25 декември 2024

Тајани: На Австрија и е потребна влада без ФПО, да се спречи појавата на неонацизмот

Тајани: На Австрија и е потребна влада без ФПО, да се спречи појавата на неонацизмот

Рим, 30 септември 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани денеска изјави дека на Австрија и е потребна влада предводена од конзервативците, која ја исклучува крајнодесничарската Слободарската партија (ФПО) и нагласи дека „секое повторно појавување на неонацизмот мора да се отфрли“.

Тајани ги даде коментарите еден ден откако екстремната десница победи на првите австриски парламентарни избори по Втората светска војна, соборувајќи ја владејачката конзервативна Австриска народна партија.

– Политичките битки секогаш се добиваат во центарот за да се спречи екстремната десница и екстремната левица да направат штета, рече Тајани.

Посочувајќи дека „секое повторно појавување на неонацизмот мора да се отфрли“, тој заклучи дека „екстремната десница никогаш не може да победи сама, како што видовме во Франција“.

Според прелиминарните резултати, ФПО на вчерашните избори освоила 29,2 отсто од гласовите, додека Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нехамер добила 26,5 отсто од гласовите, а централно-левичарската Социјалдемократска партија 21 отсто од гласовите. Владата во заминување - коалиција на партијата на Нехамер и Зелените - го загуби мнозинството во Долниот дом на Парламентот. Лидерот на ФПО, Хербер Кикл, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег, кој е на чело на партијата од 2021 година, сака да биде канцелар, но за да го стори тоа ќе мора да најде коалициски партнер за да обезбеди парламентарно мнозинство. Но, лидерите на спротивставените партии најавија дека немаат намера да соработуваат со Кикл во новата влада. мс/

фото: МИА архив

Остани поврзан