• среда, 25 декември 2024

Тачи: Јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од „Европскиот фронт "

Тачи: Јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од  „Европскиот фронт

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи вечерва соопшти дека тој и неговата партија веќе нема да бидат дел од Коалицијата „Европски фронт".

-Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот, рече Тачи вечерва во телевизиско гостување на Телевизија Клан Македонија. 

Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав, истакна денеска координаторот на пратеничката група Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи се повлекува од коалицијата. фф/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан