• среда, 25 декември 2024

Тачи нема да гласа за новите министри

Тачи нема да гласа за новите министри

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска во изјава за медиумите истакна дека нема да гласа, како што рече, министрите на Зијадин Села.

-Јас вчера не реков дека не доаѓам во Скопје. Дојдов, но како што кажав, нема да гласам. Зијадин Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена, тој е обичен криминалец, измамник и нема причина сега да изразиме каење за неговите предлози, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали парламентарното мнозинство има доволно гласови за разрешување на министрите, Тачи рече дека ги имаат обезбедно потребните гласови.

-Тоа е нивен проблем. Мислам дека ги имаат гласовите.

Тачи и Села петходно беа сопартијци во ДПА, но настана раскол во партијата, по што Села реши да ја формира Алијанса за Албанците. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан