• среда, 18 декември 2024

Таткото на Обамејанг со лоши вести за фановите на Арсенал

Таткото на Обамејанг со лоши вести за фановите на Арсенал
Лондон, 27 јули 2020 (МИА) - Иднината на sвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг продолжува да биде главна тема во британските медиуми. Денес, причина за уште една шпекулација беше таткото на Габонецот, кој ги загрижи навивачите на тимот, откако тој навести дека неговиот син може да го напушти клубот ова лето. Напаѓачот влегува во последната година од неговиот договор и сè уште не потпишал нов, бидејќи „топџиите“ продолжуваат со обидите да го задржат. Сè уште не е јасно дали Обамејанг сака да остане во Лондон, при што гласините сè повеќе го поврзуваат со трансфер далеку од „Емирати“. Напаѓачот реализираше двапати на последниот натпревар на неговиот тим против Ватфорд, со што запиша 22 гола во Премиер Лигата. Веднаш по победата, таткото на Обамејанг, Пјер-Франсоа, го поздрави својот син на Инстаграм. - Мојот син, кој не би бил горд, ако има син како тебе. Браво. Навистина си топ стрелец. Секоја сезона одговараш со својата ефикасност, минатата сезона 22 голови, оваа сезона 22 гола. Можам само да ти честитам и да ја изразам мојата гордост уште еднаш, посочува тој. Во следниот дел од објавата, таткото навести за неизвесната иднина на неговиот син. - Мора да донесеме правилни одлуки до крајот на твојата кариера. Во медиумите има многу шпекулации, но тие не знаат дека ние сме Банту и постои хиерархија. Одлуката е донесена по совет на мудриот човек, кој е твојот татко. Ќе бидеме подготвени наскоро. Спиј добро, синко. Те сакам, заврши тој. На овој начин, стана јасно дека иднината на напаѓачот допрва треба да стане јасна.

Тагови

Остани поврзан