• четврток, 26 декември 2024

Таткото на Лејди Гага барал 50.000 долари преку донации на интернет

Таткото на Лејди Гага барал 50.000 долари преку донации на интернет
Лос Анџелес, 1 април 2020 (МИА) - Таткото на познатата пејачка Лејди Гага е жестоко критикуван од јавноста затоа што на интернет почнал да бара пари за плати на своите вработени. Имено, Џо Џерманота, заедно со ќерка му е сопственик на ресторан, па има огромна опасност од десетици отпуштања поради кризата со вирусот. Затоа, тој направил налог на страницата „Гоу-фанд-ми“, наменета за прибирање финансиски прилози и донации. Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, според извор кој претпочита да остане анонимен, „немала поим“ дека нејзиниот татко јавно барал 50.000 долари, пишува „Дејли Мејл“. Џо својот налог го споделил и на Твитер, но објавата сега е избришана.  си/сд/

Остани поврзан