• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони
Манчестер, 16 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке сподели денеска со јавноста дека неговиот татко починал во средата само неколку минути откако 26 – годишниот фудбалер го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони. - По тежок период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампиони, а само неколку минути подоцна мојот многу тешко болен татко почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм, објави Аке на социјалните мрежи. Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во редовите на Манчестер сити дојде на почетокот на оваа сезона од Бурнмут. За холандската репрезентација Аке досега одигра 22 натпревари и постигна два гола. ег/паг/

Остани поврзан