• четврток, 26 декември 2024

Тасевска: 350 милиони евра за мерки за помош на над 200.000 граѓани

Тасевска: 350 милиони евра за мерки за помош на над 200.000 граѓани
Скопје, 13 октомври 2022 СДСМ преку владата и парламентарното мнозинство презема мерки за заштита на животниот стандард на сите граѓани, во време на светска економска и енергетска криза.Подготвен е нов пакет на аниткризни мерки вреден 350 милиони евра кој е насочен пред се кон ранливите категории граѓани и оние семејства со ниски примања.42.000 граѓани од ранливите категории во следните четири месеци ќе добиваат по 3.000 денари.Истовремено, потсетуваме дека се уште активна мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија на семејствата со ниски примања, за што се издвоени 60 милиони денари.Помош од 6.000 денари за период од четири месеци ќе добиваат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, додека помош од 3.000 денари за истиот период ќе добиваат и над 66.000 пензионери чија пензија изнесува помеѓу 11.526 и 14.000 денари.Сите овие мерки опфаќаат над 200.000 наши сограѓани кои во оваа криза имаат најмногу потреба од помош од државата.Во пакетот мерки опфатени се и компаниите, а нов сет мерки посебно наменет за домашните компании кои произведуваат основни продукти, ќе се реализира најдоцна до први декември.Важно е да се напомене дека во сила останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи, како и тоа дека ДДВ за електрична енергија останува на пет отсто.Грижата на СДСМ за граѓаните е јасна и видлива.Годинава, за антикризни мерки за помош одвоени се над 750 милиони евра.Нашата државата има одвоено најмногу средства за мерки за помош како процент од БДП, споредено со другите држави од Западен Балкан.Согласно проценките од Групацијата на Светска банка, Северна Македонија како средства за мерки за помош има одвоено 5 проценти од БДП, што е многу повеќе отколку другите држави, каде во Србија тој процент е 2,5, во Косово 2,1, додека во Црна Гора тоа е само 0,1 отсто од БДП.Ова е уште еден показател за нашата подготвеност да се справиме со сите предизвици од глобалните кризи.Грижата за сите продолжува, никој нема да биде оставен сам во време на криза.
Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан