• среда, 25 декември 2024

Тасевска: ДПМНЕ ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка

Тасевска: ДПМНЕ ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка

26 февруари 2024 

Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата.

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта.

Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење.

ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост.

ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.

Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.

ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.

Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата.

 

Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан