• сабота, 23 ноември 2024

Таравари: Не е забрането да се користи само Македонија, но очекувам Сиљановска Давкова во иднина да го користи уставното име

Таравари: Не е забрането да се користи само Македонија, но очекувам Сиљановска Давкова во иднина да го користи уставното име

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше кандидат за претседател од коалицијата Вреди, која почна преговори за состав на нова влада со ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не е забрането кога се зборува јавно да се користи само Македонија, без „Република“ и без „Северна“ и додава дека и тој самиот често вели само Македонија, и не ги користи ниту „Република“ ниту „Северна“.

Тој коментирајќи ја и заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова која не го користеше уставното име, туку само Македонија, истакна дека смета оти Давкова тоа го направила во еуфоријата на изборната кампања.

-Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања. Изјавата како претседател е со „Северна Македонија“, вчера по инаугурацијата беше исто така „Северна Македонија“. Пред да дојдам овде, ме известија дека вчера изјавила дека така користела, но дека во иднина ќе го користи уставното име како Северна Македонија, рече Таравари за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

СООПШТЕНИЕ

 Претходно од Коалицијата Вреди, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова при заклетката во Собранието не го употреби уставното име на државата, порачаа дека не треба да се отвораат стари рани и оти претседателот мора да биде пример за почитување на Уставот. 

- Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по Уставно право, стоеше во соопштението испратено до медиумите на денот на инаугурацијата од партијата БЕСА од Коалицијата Вреди.   

Северна Македонија, додадоа, е полноправен член на НАТО Алијансата и  со почнати преговори со ЕУ, но не чекаат уставни измени за да продолжиме по Европскиот пат. 

-Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, наведува Вреди во соопштението. 

Информирани сме дека постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста

По повеќето реакции вчера од нејзиниот кабинет испратија соопштение во кое се посочува дека македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела. 

Претседателката Сиљановска Давкова, како што се наведува во соопштението, ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

- Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се вели во соопштението, информира вчера од кабинетот на Сиљановска Давкова. сст/са/

 

Остани поврзан