Таравари - Ќехаја: Продолжување на соработката помеѓу општините во двете држави
- Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, на која разговарале за актуелните состојби во регионот и продол
Гостивар, 26 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, на која разговарале за актуелните состојби во регионот и продолжување на соработката помеѓу општините во двете држави.
Таравари и Ќехаја нагласија дека Република Северна Македонија и Република Косово треба тесно да соработуваат во елиминирање на сите бирократски пречки во политичката, културната, економската, трговската и други сфери на животот.
- Оваа средба значително ќе придонесе за унапредување на веќе воспоставените односи и за благосостојба на нашите граѓани, рече Ќехаја.
Градоначалникот Таравари истакна дека развојот на општините од регионот ќе се постигне со економска размена, зголемување на човечкиот капитал и за воспоставување на односи меѓу нашите општини што ќе придонесе за нивниот развој.
- Во рамки на нашите ингеренции како градоначалници, ние остваривме повеќе контакти со нашите колеги во Косово. На тие средби разговараме за отворање на нови можности за зајакнување на локалните самоуправи и радува фактот дека има волја и почетни резултати, изјави Таравари.
На средбата во кабинетот на градоначалникот Таравари, меѓу другото било разговарано и за политичкиот момент во кој се наоѓа регионот, важноста од одржување на прозападната ориентација на двете земји и европската иднина. згм/цр