• четврток, 26 декември 2024

Таравари се сретна со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Таравари се сретна со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва
Скопје, 4 ноември 2022 
Претседателот на Алијансата за Албанците (в.д.) Арбен Таравари денеска во седиштето на партијата во Тетово го прими г. Јарослав Лудва - амбасадор на Чешката Република во Скопје.
Претседателот Таравари му честиташе на амбасадорот за успешното чешко претседавање со Европската Унија и задржувањето на фокусот на ЕУ на Западен Балкан, како и му се заблагодари за посветеноста на чешката влада да го укине бугарското вето кон Северна Македонија.
„Разговаравме за главните проблеми со кои се соочуваме како држава, особено за банкротот на владеењето на правото и корупцијата. Изразив убедување дека скрининг-процесот, институциите на ЕУ треба да го искористат за притисок за храбри реформи во оваа област“, ​​нагласи претседателот Таравари.
На средбата се разговараше и за неопходноста од изнаоѓање решение за изгласување на уставните измени во Собранието на РСМ, со што конечно ќе се отворат преговорите за членство во ЕУ.
Алијансата за Албанците 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан