• сабота, 23 ноември 2024

Таравари на ифтарска вечера со децата со посебни потреби

Таравари на ифтарска вечера со децата со посебни потреби

Гостивар, 21 март 2024 (МИА) – По повод 21 март – Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, гостиварската локална самоуправа вечерва организираше заедничка ифтарска вечера за децата со посебни потреби, нивните родители, негувателите и претставници на институции и здруженија кои работат со оваа категорија лица.

Домаќин на вечерата беше градоначалникот на општина Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.

- Овој ифтар е посебен кога сте во друштво на оние кои ни даваат бескрајна енергија и добрина, напиша Таравари на неговиот Фејсбук профил.

Заедничката вечера во рамазанските пости, изминативе години е традиционална како дел од активностите на локалната власт да ja засили интеграцијата на лицата со попреченост во секојдневието на општината. згм/дма/

Фото: Фејсбук на Арбен Таравари

 

 

Остани поврзан