• петок, 27 декември 2024

Таравари - Мелсом: Продлабочување на соработката во здравството

Таравари - Мелсом: Продлабочување на соработката во здравството

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари остварил работна средба со норвешката амбасадорка Кристин Мелсом, на која разговарале за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете држави.

Како што информира Министерството за здравство, амбасадорката честитајќи му ја позицијата на министерот Таравари изрази подготвеност за поддршка на нашиот здравствен систем и размена на меѓусебни искуства во областа на здравството. мд/цр

Фото: Министерство за здравство 



Остани поврзан