• четврток, 26 декември 2024

Таравари и лидерите на ВРЕДИ се сретнаа со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Франгеш

Таравари и лидерите на ВРЕДИ се сретнаа со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Франгеш

Скопје, 9 април 2024 (МИА) – Политичките случувања во земјава и регионот, претседателските и парламентарните избори и европската иднина на државава беа во фокусот на денешната средба на лидерите на коалициските партии на ВРЕДИ, Изет Меџити, Африм Гаши и потпретседателот на Движење Беса Блерим Сејдиу заедно со претседателскиот кандидат на претстојните избори од ВРЕДИ, Арбен Таравари со Анжеј Франгеш, специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан и генерален директор за ЕУ прашања во Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, што се одржа во седиштето на Демократското движење.

На средбата, информираат од ВРЕДИ, лидерите го уверија Франгеш дека коалицијата, како победник на парламентарните избори на 8 мај и како следна влада, целиот свој политички капитал ќе го посвети на итно спроведување на уставните измени, успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ и зголемување на кохезијата со европските земји во клучните сектори како што се владеењето на правото, инфраструктурата и севкупниот општествен развој.

Тие му се заблагодарија на Франгеш за виталната улога на Словенија во унапредувањето на евроатлантската интеграција на земјава и Западен Балкан, вклучително и одржување на безбедноста и забрзување на економскиот развој.

На денешната средба присуствуваа и блиската соработничка на специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Маја Новак Дрновшчек и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.вј/

Фото: Коалиција ВРЕДИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан