• недела, 10 ноември 2024

Таравари: Законот за в.д градоначалници е подготвен, очекуваме поддршка

Таравари: Законот за в.д градоначалници е подготвен, очекуваме поддршка

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Арбен Таравари вечерва и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да не има нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари панел-дискусијата „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ – Реформа  за поддршка на стручните лекари“.

Коалицијата Вреди деновиве се очекува поднесе предлог за да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат изборот на новата влада. 

Во  Општина Сарај веќе е назначен Иљас Весели на местото на пратеникот Блерим Беџети.

Повеќе информации, како што објави ТВ Телма, ќе донесе утрешната координација кај спикерот Африм Гаши, каде ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели.

Според Телма, ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела..фф/нд/

Фото: Принтскрин од видео

 

Остани поврзан