• вторник, 24 декември 2024

Таравари: Жешко лето, со доста настани на политичката сцена

Таравари: Жешко лето, со доста настани на политичката сцена

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) – Летово ќе биде релативно жешко, со доста настани на политичката сцена во Македонија. Да видиме како ќе се одвиваат и според тоа ќе видиме кои ќе бидат и следните чекори и потези на Алијансата за Албанците (АА), најави лидерот на АА и градоначалник на Гостивар Арбер вечерва во интервју во емисијата Вин – вин на Телма ТВ.

Според Таравари, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба барем од морални причини веднаш да поднесе оставка, откако беше ставен на црната листа од САД. Но секогаш, вели Таравари, ДУИ изнаоѓа формулација со која се наоѓа начин на одржување на темата „ни долу, ни горе“. 

Тој нагласи дека постојат повеќе лица за кои постојат сомневања и мислам, како што рече, црната листа на САД ќе продолжи, но повика да дадеме време, периодот пред нас да излезат сите имиња што ги најавува, рече, амбасадорката.

- Има чудни и интересни настааи во ДУИ како никогаш досега во изминатите 20 години од нивното постоење, но тоа се нивни внатрешни работи. Неспорно е дека има внатрешна десинхронизација во ДУИ, но дали АА помогна или катализира тоа да се случи и тоа е дел од работите што треба убаво да се анализираат, изјави Таравари. 

Тој потенцира дека овој период во фокусот се уставните промени, но оти следниот период без разлика дали ќе има или не 80 пратеници за  овие измени за кои се надева дека ќе се изгласаат,  следниот чекор е да се разговара за одржување на избори, кога би се одржале претседателски и парламентарни избори.

- Мислам дека на земјава не и треба луксуз за три месеци да има  два пати избори и претседателски и парламентарни, без разлика дали парламентарните би биле предвремени во декември или ноември, или редовни во јуни или јули, а претседателски мора да има редовни, а тоа се крајот на март или почетокот на април. Јас мислам, се уште не сме разговарале со коалицискиот партнер, но и во партијата не сме ја отвориле оваа тема, меѓутоа рационално би било за државата што помалку трошоци да направи за избори. Не би био лошо да се размислува за опцијата втор круг за претседателски избори, да биде и датумот за одржување на предвремени парламентарни избори, што би биле предвремени само два до три месеци, предлага Таравари, лидер на АА.

Таравари одговарајќи на новинарско прашање истакна дека не знаеле дека ќе има конкретна понуда за влез во Влада на ВМРО - ДПМНЕ. За таа понуда и за што се зборувало на лидерската средба дознавме од прес-конференцијата. Можеби тоа било разговарано во потесното раководство на СДСМ, не верувам, вели тој, дека и поширокото раководство на СДСМ знаеле што ќе понуди Ковачевски. 

За нас, нагласува, е битно да има широк консензус на политичките партии, да бидеме фокусирани на тоа дека трба да се случат уставните промени, што се услов за започнување на втората конференција со ЕУ, се со цел Македонија евентуално да ги започне преговорите и да не се оддели од Албанија.

- Сето друго е дозволено во овој период според мене. Ништо не е битно освен да се најдат 80 или повеќе пратеници. Јас би сакал тоа да бидт 120 пратеници. По секоја цена  треба да дадееме максимум сите политичкии партии, рече Травари, лидер на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар.

Додаде дека е разочаран од повлекувањето, како што рече од ВМРО – ДПМНЕ после лидерската средба.

Лична моја анализа е и во партијата, дека се прави некаква пи-ар меѓу ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, дали свесно или не, не навлегуваме. Но, од целата гужва што се случи, оцени тој, најмногу доби ДУИ, и во овој период впечатокот е дека ВМРО – ДПМНЕ работи за ДУИ.

Лидерот на АА информира дека на состанок со Ахмети, тој негирал дека имаат комуникација со ВМРО - ДПМНЕ.

Таравари информира дека АА има релативно добри односи со сите политички партии, во СДСМ се во Влада, но имаат канали на комуникација и со ВМРО – ДПМНЕ, со БЕСА. цр/лв/

Фото:принт скрин

Остани поврзан