• среда, 25 декември 2024

Таравари ги посети клиниките за урологија и за хематологија

Таравари ги посети клиниките за урологија и за хематологија

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Клиниката за урологија и се сретна со новоименуваниот директор Башким Шабани.

Таравари и Шабани, како што информира Министерството за здравство, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа, како што се наведува, ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период.

Министерот Таравари денеска ја посети и Клиниката за хематологија и со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на оваа клиника и дискутираа за, како што се посочува, идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа. мд/са/

Фото: Министерство за здравство 

 

Остани поврзан