• четврток, 26 декември 2024

Таникава: Поезијата прозилегува од витолот на нејаснотијата

Таникава: Поезијата прозилегува од витолот на нејаснотијата
Струга, 25 август 2022 (МИА) - Исполент со радост во својата 90 годишна возраст добитникот на највисокото признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ за 2022 година, јапонски поет Шунтаро Таникава преку аудио обраќање на денешната прес-конференција се заблагодари за укажаната почит кон неговото творештво. - Многу сум горд што ја добив наградата, која во минатото била доделувана на голем број сјајни поети со најразлични мајчини јазици. Истовремено се присетувам дека сите ние макар со одредена неверица, сепак веруваме дека поезијата постои дури и во оваа нејасна и несигурна епоха исто како што постоела од античките времиња, и дека поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од витолот на нејаснотијата, рече Таникава. Посочи дека чуствува блиско сродство и длабока почит за природата и историјата од кои настанала наградата. - Не сум убеден дека зборовите, кои ги имам напишано навистина ја заслужуваат наградава, но не можам, а да не бидам исполнет со радост, радост која на мојава 90 годишна возраст одекнува со спонтана радост на животот од моите детски денови, додаде лауреатот. На прес-конференцијата на која присустуваше неговиот син Кенсаку Таникава, добитникот на „Златниот венец“ од 2020 година израелскиот поет Амир Ор, директорот на СВП Тодорче Тасевски посочи дека по две години, како што рече, хибридни изданија, поради пандемијата, годинава Фестивалор ќе продолжи со вообичаените содржини. - По две години вонредни околности, кои го погодија целиот свет, па и СВП, кои беа одржани во хибридни изданија, годинава имаме можност физички да присуствува лауреатот од 2020 година и синот на годинашниот лауреат. Се надевам дека годините на предизвици поврзани со глобални турбуленции се зад нас и дека ќе можеме да продолжиме со вообичаените изданија на СВП, рече Тасевски. Синот на лауреатот, Кенсаку вети дека на својот татко ќе му пренесе преку снимки и фотографии се што ќе види и слушне на фестивалот. Кажа дека Шунтаро е добар за некој кој има 90 години и оти се уште пишува поезија на барање на издавачи и често е интервјуиран од медиуми. - Тој посакуваше да е тука, но секако е многу среќен и почестен што ја доби оваа награда, особено што претходно ја доби неговиот најдобар пријател и истакнат јапонски поет, Макото Оока 1996 година, истакна Таникава. Венцоносецот од 2020 година израелскиот поет Амир Ор  забележа дека Струшките вечери на поезијата е традиција што ја става Македонија на почесно столче во салата на културното значење и во Европа и во светот. - Ништо слично не може да го надмине признанието кога во 2020 година бев прогласен за лауреат, признание дека моите дела се наградени преку ушите и срцата што ги заслужува поезијата, рече Ор. Во неговото обраќање не изостави да ја спомене поврзаноста меѓу неговата и нашата држава со депортацијата на евреите во Втората светска војна во логорот Треблинка. Годинашното 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата почна денеска напладне со традиционалното садење дрво во Паркот на поезијата во чест на лауреатот Шунтаро Таникава, како и на лауреатот од  2020 година Амир Ор. Официјалното отворање ќе биде вечер на терасата во хотел „Дрим“ со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган. Програмата ќе продолжи со поетски читања, промоции, чествувања... сс/аа/

Остани поврзан