• среда, 27 ноември 2024

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“  утре со почетокот во 11 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на неодамна починатиот истакнат пејач од прв ред – солист, Далибор Ѓошиќ, најави „Танец“.

Далибор Ѓошиќ почина  на 10 октомври  во Скопје, на возраст од 41 година, после кусо и тешко боледување. Својот професионален стаж го помина во НУ Танец, каде оствари бројни настапи, дома и надвор. Покрај изведбите на традиционални македонски песни, тој реализираше и бројни фестивалски настапи, со квалитетни новосоздадени фолклорни напеви, од кои голем дел беа негови авторски композиции. За само 16 години поминати во „Танец“, Ѓошиќ оствари 363 концертни настапи, во вкупно 23 држави во светот.лв/

фото:Фејсбук на Танец 

Остани поврзан