• сабота, 27 јули 2024

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата
Едмонтон, 29 септември 2020 (МИА) - Екипата на Тампа Беј рано утрово го победи Далас старс во финалето на Стенли купот со 2:0 и со вкупни 4-2 во финалната серија го освои трофејот во НХЛ. Ова е втора шампионска титула во историјата на клубот. Претходно Тампа го освои Стенли купот во 2004 година, победувајќи го Калгари во финалето (4-3). На патот до финалето во плејофот, новиот шампион во најсилната хокеарска лига на светот, ги совлада Колумбос (4-1), Бостон (4-1) и Ајлендерс (4-2). зс/

Остани поврзан