• среда, 25 декември 2024

Тали со „Фајтер“ ќе го претставува Луксембург на „Евровизија“

Тали со „Фајтер“ ќе го претставува Луксембург на „Евровизија“

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - По 31 година, Луксембург ѝ се враќа на „Евровизија“. Земјата последен пат учествуваше на натпреварот за најдобра песна во 1993 година. Во мај, Луксембург на „Евровизија“ ќе биде претставуван од Тали со песната „Фајтер“ (Fighter).

Осум песни се натпреваруваа на „Луксембург сонг контест“ (Luxembourg song contest), а Тали се најде на првото место и со тоа ќе ја претставува земјата на „Евровизија“. Музичкиот натпревар годинава ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.

Тали има 23 години, а покрај музичката кариера, играла и во театар и во краток филм.

Луксембург на „Евровизија“ има победено петпати. бд/са/

Фото: Јутјуб / Принтскрин

Остани поврзан