• среда, 18 декември 2024

Талибанците убиле член на семејството на дописник на Дојче веле

Талибанците убиле член на семејството на дописник на Дојче веле
Берлин, 20 август 2021 (МИА) - Германската медиумска куќа Дојче веле објави дека талибанците отвориле оган и убиле еден член на семејството на нејзин дописник, а друг член бил повреден. Дојче веле објави дека талибанците извршиле претрес во домот на дописникот и го барале новинарот, кој веќе е префрлен во Германија. Членовите на неговото семејство успеале да побегнат. Директорот на Дојче веле Петер Лимбург го осуди убиството и додаде дека тоа е доказ за непосредната опасност по вработените и нивните семејства во Авганистан. - Талибанците очигледно спроведуваат организирана потрага по новинари во Кабул и провинциите, посочи Лимбург, додавајќи дека талибанците изминатите денови извршиле претрес во домовите на уште тројца новинари на Дојче веле. Медиумската куќа не го откри идентитетот на новинарот и местото каде се случил инцидентот. ми/

Остани поврзан