• четврток, 19 декември 2024

Талибанците прекинаа протест на шест Авганистанки кои бараа право на образование

Талибанците прекинаа протест на шест Авганистанки кои бараа право на образование

Кабул, 30 септември 2021 (МИА) - Талибанците со истрели во воздух го прекинаа денешниот протест на шест млади Авганистанки, кои бараа да им се почитува правото на образование.

Девојките утрово пред авганистанското Министерство за образование истакнаа транспарент на кој пишуваше „Не го политизирајте образованието!“.

Десетина вооружени талибанци интервенира и го прекинаа протестот, а се обидоа да ги одземат камерите од снимателите и камерманите.

Девојките се засолнија во едно училиште.

Талибанците на 8 септември ги забранија сите демонстрации во Авганистан. ми/

Остани поврзан