Талибанците го зазедоа главниот граничен премин помеѓу Авганистан и Таџакистан
- Талибанците денеска ја презедоа контролата над граничниот премин помеѓу Авганистан и Таџакистан, како и над областите коиводат до градот Кундуз
![Талибанците го зазедоа главниот граничен премин помеѓу Авганистан и Таџакистан](https://new.mia.mk/index.php/images/20221107132256_big_730x400_30.webp )
Кабул, 22 јуни 2021 (МИА) - Талибанците денеска ја презедоа контролата над граничниот премин помеѓу Авганистан и Таџакистан, како и над областите коиводат до градот Кундуз.
Талибанците го зазедоа преминот Шри Кан, што го поврзува Авганистан со централна Азија, а е лоциран на 50 километри северно од Кундуз.
Од 1 мај десетина окрузи се под контрола на талибанците откако почна повлекувањето на американските и војниците од земјите-членки на НАТО од Авганистан. ми/