• среда, 27 ноември 2024

Талибанците ги осудија на смрт хомосексуалците во Авганистан

Талибанците ги осудија на смрт хомосексуалците во Авганистан
Лондон, 31 август 2021 ( МИА) - Хомосексуалец од Авганистан, чиј идентитет не е откриен поради безбедносни причини за Дејли мејл изјави дека талибанците брутално ги убиваат припадници на ЛГБТ заедницата. Откако талибанците ја презедоа власта во Кабул се почести се наводите за сурово постапување кон хомосексуалците. Според талибанците хомосексуалноста се казнува со смрт. Судија од радикалното исламистичко движење за Билд изјави објави дека хомосексуалците треба да бидат каменувани или фрлени од девет метри. Претходно за Фокс, американскиот снајперист Тим Кенеди, кој служел во Авганистан и во Ирак, изјави дека видел како талибанците ги стралаат хомосексуалците и ги фрлаат од покриви. ми/

Остани поврзан