• сабота, 23 ноември 2024

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата,подобри услови за работа и пензионирање на војниците

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата,подобри услови за работа и пензионирање на војниците
Скопје, 28 јули 2022 Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата. Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата. Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата. За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се воведуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата. Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците. Од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста. Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж. Со измените се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во службата. Она што исто така е важно е тоа што со законските измени се регулира областа на професионалност, непристрасност и законитост во вршењето на должностите во Армијата и во Министерството за одбрана, на политички неутрален начин. Законот децидно предвидува дека во Армијата нема место за партиско дејствување и можеби токму ова беше причината зошто ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани  се обидуваше да го закочи носењето на овој Закон. Сепак, на крајот законските измени се усвоени а придобивките од нив ќе ги почувствуваат над 6.700 припадници на Армијата кој секојдневно се на браникот на државата. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство ќе продолжи да инвестира во одбраната, во човечкиот капитал и во сето она што е важно за државата. Грижата за сите продолжува. Миле Талески, пратеник на СДСМ Центар за комуникации со јавност на СДСМ  __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан