• четврток, 19 декември 2024

Талески: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните

Талески: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните

Скопје, 11 август 2022

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 10 месеци не работат ништо освен што парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања.Наместо поддршка кон граѓаните, во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дополнително удираат по стандардот на семејствата преку покачување на комуналните услуги.Општина Штип двојно, односно за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубретарина. Наместо по 1,2 денари за метар квадратен, сега штипјани ќе плаќаат по 2,4 денари.Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш исто така се зголемени давачките за комунални услуги.Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз.Додека цените на услугите растат, во исто време гледаме како јавните претпријатија раководени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека глумат загриженост за економскиот стандард нивни функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните.Ништо не е сменето во партијата предводена од Христијан Мицкоски.Уште еднаш се докажа дека градоначалниците и директорите од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижат за граѓаните, туку важно им е само нивните џебови и џебовите на нивните партиски другари да бидат полни, додека општините и претпријатијата тонат во долгови.

линк до видео:https://youtu.be/-6Ifrh34j0Q

Прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Миле Талески

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан