Талентирани ученици од Кочани наградени на меѓународен ликовен конкурс за сликање во Кина
- Како резултат на повеќегодишна соработка на општините Кочани и Вуши, Народна Република Кина, талентирани ученици учествуваа на Меѓународниот ликовен конкурс за сликање Џиангсу - 2024. На натпреварот од минатата година учествуваа ученици и ментори од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Раде Кратовче“, информира Општината.
Кочани, 5 декември 2025 (МИА) - Како резултат на повеќегодишна соработка на општините Кочани и Вуши, Народна Република Кина, талентирани ученици учествуваа на Меѓународниот ликовен конкурс за сликање Џиангсу - 2024.
На натпреварот од минатата година учествуваа ученици и ментори од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Раде Кратовче“, информира Општината.
Добитник на првата награда е Илина Ангелов од Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“ – Кочани, ментор – Александра Димитрова.
Добитници на втората награда се: Никола Борисов од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова; Михаил Русевски од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Цветанка Богданова и Андреа Коцева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева.
Добитници на третата награда се: Никола Глигоров од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева; Филип Зафо Зафиров и Јован Христов од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Деница Златкова; Вероника Димитровска и Анастасија Сандева од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова. ис/сст/
фото: Општина Кочани