• среда, 25 декември 2024

Тактичко-технички активности на Армијата кај Свети Наум

Тактичко-технички активности на Армијата кај Свети Наум

Охрид, 31 јули 2024 (МИА) - Припадници на Армијата на Република Сесеврна Македонија денеска од 11 до 14 часот и утре од 12 до 14 часот ќе реализираат тактичко-технички активности на дел од комплексот „Свети Наум“ на источниот брег на Охридското Езеро.

Припадниците на Баталјонот за специјални сили ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на настанот. аб/вг/

фото/МИА  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан