• понеделник, 29 јули 2024

Тактичко-показна вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар во Делчево

Тактичко-показна вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар во Делчево
Делчево, 7 јуни 2022 (МИА) - Во Делчево денеска во воспитно-образовната установа „Ванчо Прке" се реализира показна вежба, со цел проверка на подготвеноста во случај на елементарна непогода. Во рамки на активноста, информираше координаторот Ванчо Атанасовски, беше извршена симулација на евакуација во случај на земјотрес и пожар. - Согласно годишната програма за работа на нашето училиште секоја година се реализираат вакви симулациски вежби. Оваа година имавме симулација на пожар во случај по земјотрес, со евакуација на сите вработени во училиштето. Сакам да изразам благодарност до сите учесници, до Територијалната противпожарна единица од Делчево, Полициската станица, Итната медицинска помош, Центарот за управување со кризи и Центарот за известување и тревожење, рече Атанасовски. Тактичко-показната вежба се изведе во текот наставниот процес, а во истата учествуваа и волонтери од Црвен крст Делчево. - Волонтерите изведоа неколку показни вежби за санирање на повредените, потенцирајки и укажувајки им на вработените како треба да се постапи во случај на елементарна непогода од сличен или друг карактер, додадоа од ООУ “Ванчо Прке". Симулациска тактичко-показна вежба за наредниот период е најавена и во училиштето „Св.Климент Охридски“, а претходно беше изведена и во гимназијата „Методи Митевски - Брицо". вс/цр

Остани поврзан