• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тактичко-показна вежба за евакуација во случај на вонредна ситуација во делчевската гимназија

Тактичко-показна вежба за евакуација во случај на вонредна ситуација во делчевската гимназија

Делчево, 2 април 2025 (МИА) - Во организација на Гимназијата „Методи Митевски - Брицо“ денеска во Делчево беше спроведена тактичко-показна вежба за евакуација во случај на вонредна ситуација. Целта на активноста, како што истакна директорката Дијана Цонева, е да се провери подготвеноста на установата за постапување во случај на вонредна ситуација. 

- Оваа вежба е дел од нашите редовни активности за зајакнување на безбедноста и заштитата на сите во училиштето. Сакам да изразам благодарност до сите учесници за навремената, мирна и организирана реакција. Вашата соработка е клучна за заштитата на нашите животи и за обезбедување безбедна средина за учење и работа, истакна Цонева.

Тактичко показната вежа се спроведе во соработка со ТППЕ Делчево, Црвен крст Делчево, Итната медиицнска помош и ОВР Делчево.

-Училиштето останува посветено на континуирано унапредување на безбедносните протоколи и редовно ќе спроведува вакви активности со цел сите да бидеме подготвени за евентуални ризици, додоа од СОУ „Методи Митевски - Брицо“.

Во денешната вежба беше прикажан практичен дел за укажување Прва помош при извлекување повредено лице, како и симулација на гаснење на пожар на спортската сала во близина на училиштето. вс/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан