• четврток, 19 декември 2024

Таксист од Скопје починал од срцев удар додека превезувал патник

Таксист од Скопје починал од срцев удар додека превезувал патник

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) – Таксист од Скопје вчера починал од срцев удар додека превезувал патник на булевар „Словенечка“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на таксистот му се слошило, излетал од коловозот и удрил во дрво.

- На 31.05.2024 во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво, стои во соопштението од МВР.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. ар/ев/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан